Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган е загрижен за случувањата во Сирија. Тој и британскaта премиерка Тереза Меј денеска по телефон разговарале за последните настани во Сирија, објави агенцијата Анадолија.
Тој вели дека е важно да се внимава да не дојде до дополнително ескалирање на тензиите во регионот, по воздушните напади на САД, Британија и Франција врз Сирија.
Ердоган ја истакнал потребата да се спречи понатамошна конфронтација во регионот, соопшти агенцијата, цитирана од ТАСС.
Други детали за разговорот не се пренесуваат.
Турскиот претседател соопшти деновиве дека на американскиот колега Доналд Трамп и рускиот Владимир Путин им рекол дека не е во ред да се засилуваат тензиите во регионот.