Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека не верува во тоа дека поранешниот претседател на Египет, Мохамед Морси умрел од природна смрт.
Мохамед Морси му се придружи на бога за време на судењето. Дали тоа беше нормална смрт или се вмешани некои други фактори е нешто за што треба да се размислува. Не верувам дека станува збор за природна смрт – рече Ердоган во џамија во Истанбул, каде стотици муслимани се молеле за Морси, информираат тамошните медиуми.
Морси, првиот демократски избран претседател на Египет, почина вчера откако му се слоши во судницата. Ердоган ги критикуваше властите на Египет поради тоа што не дозволија Морси да биде погребан во семејниот гроб во неговото родно местo.