Регион 29. ноември 2019. / 15:22

Ердоган најави изградба на 500 домови во Албанија

Ердоган најави изградба на 500 домови во Албанија

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска зборувајќи за земјотресот што ја зафати Албанија, изјави дека Турција ќе изгради 500 домови за настраданите.

-Ќе изградиме 500 домови за настраданите од земјотресот. Се надеваме дека нашите екипи ќе ги завршат своите работи во соодветни места, и како братски народ ќе изградиме 500 домови- изјавил Ердоган, пренесува Анадолу.

Исто така, пред некој ден Ердоган ги повика земјите од Исламскиот свет да помогнат во Албанија за да се ублажат последиците од силниот земјотрес.