Регион 30. април 2019. / 22:33

Ердоган: Ловечкиот авион “F-35” е осуден на пропаст без Турција

Ердоган: Ловечкиот авион  “F-35” е осуден на пропаст без Турција

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, смета дека американската програма на ловечкиот авион “Lockheed Martin F-35” е осудена на пропаст, доколку Турција не е вклучена во неа.

Вашингтон упорно предупредува дека одлуката на Турција да купи руски ракетен систем за одбрана “S-400, ќе го загрози учеството на официјална Анкара во програмата за авионот “F-35”.

САД сметаат дека S-400 претставува ризик по F-35 и сака Турција да се откаже од купување на ракетниот систем.

Турција, од друга страна, сака заеднички комитет да ги утврди можните ризици за кои Вашингтон е загрижен.

Турција не прифаќа никакви наметнувања на полето на одбрана, ниту ќе го прави тоа во иднина, рекол Ердоган, пренесува “Reuters”.

Тој најавил дека земјата ќе рпеземе чекори кон производство на сопствениот борбен авион, а планира и производство на беспилотни летала.