Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган масакрот во двете новозеландски џамии во кои загинаа 50 лица го опиша како дел од поширокиот напад врз Турција.
Тој се заканил дека ќе ги прати назад “во сандаци“ сите оние кои ќе се обидат да го заземат Истанбул.
Ердоган кој настојува да обезбеди поддршка за својата исламистички ориентирана партија АК на локалните избори на 31 март, тврди дека нападот во Нов Зеланд е доказ за глобалниот антимуслимански сентимент.
Не тестираат нас на оддалеченост од 16.500 километри, од Нов Зеланд, со пораките кои ги испраќаат оттаму. Ова не е индивидуален чин, ова е организирано“ – изјави Ердоган без понатамошно објаснување, пренесува „Ројтерс“.
Тој изјавил дека вооружениот напаѓач и се заканил на Турција и на претседателот лично и оти сакал да ги истера Турците од европскиот дел на Турција.
Овде сме веќе илјада години и ќе бидеме овде до апокалипсата, доколку Бог дозволи – изјавил Ердоган
На собирот по повод битката кај Галиполи во 1915 година, кога османските војници ги победиле силите под водство на Британците, вклучувајќи ги и австралиските и новозеландските трупи кои се обиделе да го заземат полуостровот, капијата до Истанбул.
Нема да го претворите Истанбул во Константинопол – се заканил Ердоган, алудирајќи на грчкото име кое градот го носел се додека Турците не го освоиле во 1453 година.
Вашите дедовци дошле тука…и се вратиле во сандаци. Немојте да се сомневате дека истото ќе ви се случи и на вас –порачал Ердоган.
Висок турски безбедносен извор изјавил дека Тарант влегов два пати во Турција во 2016 година. Турските власти почнала да ги истражуваат сите хотелски податоци од снимките од камерите, обидувајќи се да ги откријат причините за овие посети, наведува изворот.
Австралиецот Брентон Таран (28), обвинет за масакрот во саботата во кој загинаа 50 лица во џамиите во градот Крајстчрч на Нов Зеланд, во својот манифест навел листа на “непријатели од висок ранг“, вклучувајќи ја германскта канцеларка Ангела Меркел, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и градоначалникот на Лондон, Садик Кан. Опишувајќи го турскиот претседател Ердоган, Тарант навел дека е “лидерот на најголемата исламска група внатре во Европа,“ и оти е “потребно да се отстрани за да се елиминира главниот непријател на Русија и да се ослаби НАТО“.