Регион 18. септември 2018. / 16:26

Ердоган издаде декрет за користење на лирата при купување и продавање

Ердоган издаде декрет за користење на лирата при купување и продавање

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган издаде декрет за користење на лирата при купување, продавање и изнајмување недвижнини и возила, велат од кабинетот.

Декретот е објавен во Службениот весник на Турција.

Договорите за купо-продажба или издавање на движни и недвижни имоти и возила кои биле извршени во странска валута ќе бидат претворени во турски лири во рок од 30 дена, се вели во декретот.

Според документот, во постоечките договори веќе договорените суми кои се во странски валути ќе бидат претворени во Турски лири во рок од еден месец, а условите за декретот ќе бидат усогласени со Министерството за Финансии.

На 29 август, Министерот за финансии Берат Албајрак изјави дека владата ќе преземе мерки со кои ќе спречи користење на странски валути во купо-продажбата на недвижнини, како и за кирии.