Регион 21. јуни 2019. / 11:26

Ердоган: До 15-ти јули ќе почне испораката на ракетните системи С-400 од Русија

Ердоган: До 15-ти јули ќе почне испораката на ракетните системи С-400 од Русија

Испораката на руските противракетни системи С-400 во Турција ќе почне во првите 15 дена од следниот месец, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Од моментот кога ќе почне испораката на системите, ќе бидат одреди локациите каде тие ќе бидат лоцирани, нагласи тој.

Според него, зделката со Русија е направена со „многу добри услови за Турција”. Ердоган ја даде таа изјава синоќа по предупредувањата од Вашингтон дека ќе воведе санкции за Турција поради купување на ракетните системи С-400 од Русија.

Пред два дена Ердоган изјави дека не очекува санкции од САД поради набавката на руските ракетни системи, но ако тоа се случи ќе знае да одговори со санкции. На прес конференцијата пред странските медиуми во Истанбул, тој рече дека набавката на рускиот ракетен систем С-400 е договорена и дека САД треба внимателно да размислат дали да и наметнат санкции на Турција како членка на НАТО.