Регион 08. март 2020. / 18:51

Ердоган бара Грција да ги отвори границите за да можат мигрантите да продолжат кон Запад

Ердоган бара Грција да ги отвори границите за да можат мигрантите да продолжат кон Запад

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повика Грција да ги отвори своите граници и да им овозможи на мигрантите да заминат во другите европски земји.

Овие луѓе нема да останат (во вашата земја), тие ќе се преселат во други европски земји, рече Ердоган денеска во Истанбул и запраша:Зошто не ги отворите вашите порти исто така, оставете ги да одат во други земји и ослободете се од овој товар.

Во говорот по повод Меѓународниот ден на жената, Ердоган рече дека жените и децата го носат товарот на кризата.

Дали се ‘крши“ срцето на Западот поради ова? Не! Дали го крева гласот? Не! , рече Ердоган како што пренесе „Катимерини“.