Регион 12. мај 2020. / 22:45

Епидемијата во Словенија ставена под контрола

Епидемијата во Словенија ставена под контрола

Словенечката Влада објави дека епидемијата на коронавирусот и дефинитивно е ставен под контрола, а денешна објавената информација за само едно новозаразено лице го потврдува тоа.

Според податоците на Националниот институт за јавно здравје, изминатото деноноќие не се регистрирани починати, како последица на Ковид-19.

Овие податоци се дополнителн показател да може државата да продолжи со олабавувањето на ограничувањата донесени поради епидемијата.

Од денес се отворени меѓународните аеродроми, а карантинот за оние кои влегуваат во земјата е скратен само седум дена, а државната е заменета со домашена изолација.