Регион 05. април 2020. / 08:30

Епидемијата во Албанија ќе го достигне врвот следната недела

Епидемијата во Албанија ќе го достигне врвот следната недела

Во Албанија следната недела се очекуваепидемијата на корона вирусот да го достигне врвот.

Ова е предвидувањето на експертите за време на онлајн средбата на Техничкиот комитет за епидемија на коронавирусот со премиерот Еди Рама.

Раководителката на одделението за епидемиологија на Институтот за јавно здравје, Еугена Томини, оценила дека петтата недела од појавата на нулта пациентот во Албанија, корона вирусот ќе го достигне пикот, поради што се очекува бројот на заразените да се зголеми.

Идентичен став изнесол и Тритан Кало, потенцирајќи дека на вирусот му се потребни пет до шест недели за да се развие.

Во Албанија првите два случаја на инфекција со коронавирус беа потврдени на деветти минатиот месец, а последните соопштени податоци на Министерството за здравство и социјална заштита велат дека бројот на заразени е 333 лица, од кои се починати 18.