Експлозијата што се случи во Пиреја ова утро, предизвика голема материјална штета на зградата на која беше фрлена бомбата.
Автомобил застана пред зградата на раскрсницата на две улици, едно лице излезе од возилото и фрли експлозивна направа, изјави извор во полицијата, соопшти агенцијата АНА.
Bomb explosion outside building in Piraeus #dailyhellas https://t.co/Ux7BQ6Q6Aq pic.twitter.com/NCsrIGuxf7
— dailyhellas (@dailyhellascom) August 22, 2018
Зградата на која беше фрлена бомбата е седиште на многу компании и адвокатски канцеларии.
Полицијата го затвори сообраќајот во подрачјето, во тек е истрага за овој инцидент.