Регион 10. јануари 2019. / 17:17

Експлозија во хидроцентрала во Хрватска: Еден загинат и двајца исчезнати

Експлозија во хидроцентрала во Хрватска: Еден загинат и двајца исчезнати

Еден работник загина, а двајца други се водат како исчезнати, при експлозија во хидроцентралата „Дубровник“ во близина на хрватското место Плат.

При експлозијата, по која во хидроцентралата избувнал и пожар, се повредени шестмина работници.

Причината за експлозијата засега не е позната.

Акцијата за потрага по исчезнатите работници, во која се вклучени и нуркачи, продолжува.