Во центарот на Загреб во Хрватска, утрово во 6.20 часот одекна силна експлозија. Полицијата соопшти дека нема повредени, а оштетени се неколку возила и стаклата на станбените објекти во близина.
Како што пренесе „Хрватската радио телевизија“, причината за експлозијата не е позната. Улицата Домагојева утрово е затворена за сообраќај.