Регион 27. декември 2018. / 21:58

Експлозија пред црква во Атина-повредени полицаец и клисар

Експлозија пред црква во Атина-повредени полицаец и клисар

Експлозивната направа била детонирана пред да почне Божикната миса во црквата Свети Дионизиј  во центарот на Атина. Немало претходни најави или закани за детонирана бомба , а досега никој не ја презел одговорноста.

Во црквата во Колонаки е седиштето на Католичката архиепископија. Полицаецот и клисарот се однесени во болница и не се во животна опасност. Полицијата го затвори тој дел на градот и во тек е увид.