На подрачјето на белградска Автокоманда, утрината одекна силна експлозија, во која буквално е разнесен и уништен џипот на водителка на телевизијата Пинк. Во експлозијата настрадале и околните автомобили.
Според Танјуг, џипот го вози водителката Душица Јаковљевиќ, која го води реалното шоу, на ТВ Пинк ,,Задруга“, но не е регистриран на нејзино име. Експлозијата се случила на паркинг пред зграда во близина на стадионот на Црвена Ѕвезда.

Mедиумите во Србија известуваат дека нема повредени, а на водителката и се слошило кога видела што се случило и е префрлена со Брза помош во болница.
Фото: курир.рс