Во специјално интервју за „Хоризонт“ европратеникот и известител во сенка за Македонија, Едуард Кукан, кој е и еден од покренувачите на „Жан Моне“ процесот, вели дека решавањето на спорот за името на Македонија може да се постигне пред одржувањето на седница на Европскиот совет во јуни.
Според него тоа може да се случи кога лидерите ќе ја разгледуваат препораката за почеток на преговори за членство во Унијата со Скопје.