Регион 30. јули 2018. / 14:52

Едно лице загина, повеќемина се повредени во нова трагедија во Црна Гора

Едно лице загина, повеќемина се повредени во нова трагедија во Црна Гора

-Несреќата се случи откако се судрија моторна јахта и едрилица, изјави директорот на Управата за поморска безбедност Сафет Кочан.

Тој додаде дека во тек е акција за спасување на повредените лица. Во спасувачката акција вклучен е и хеликоптер.

Тоа е втора несреќа на море за една недела.

Минатата недела во Улцињ загинаа мајка и син, државјани на Словенија. Несреќата се случи кога „банана“ закачена за скутер, на која се наоѓаа четири лица удри во брод кој превезуваше туристи. Ќерката и таткото не беа повредени во несреќата.