Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во изминатите 24 часа во земјата се регистрирани 61 случај на лица излекувани од Ковид-19, согласно методите на Светската здравствена организација, за две последователни испитувања.
Во изминатите 24 часа во земјата е евидентиран и еден новозаболен од новиот коронавирус, а има и еден смртен случај.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, според официјалните статистики за пандемијата во Косово, бројот на заразени, од средината на март, кога се појавија првите заболени од Ковид-19, достигна до 862.
Во меѓувреме се забележани вкупно 622 излекувани и 28 починати лица кај кои е потврдено присуството на новиот вирус. Сите починати страдале и од други хронични болести пред да резултираат позитивни на Ковид-19.
Според овие официјални податоци, во Косово моментално се активни 210 активни случаи на заразени од вирусот.
Бројот на извршени тестирања во Лабораторијата за молекуларна микробилогија на ИШПК, вклучително вчерашните 243, изнесува 9.557.