Во Шибеник пристигна и се закотви мегајахта, за која во хрватската јавност и медиуми се шпекулира дека му припаѓа на основачот на А,азон, Џеф Безос, кој пред три години стана најбогат човек на светот.
Мегајахтата „Flying fox“, е вредна 400 милиони долари. Долга е 136 метри, и опремена како пловечки хотел. Има 11 кабини со приватни тераси, а на неа можат да преспијат 25 гости. На располагање се и џакузи, базен, теретана, кино и полигон за хеликоптери.
По рекордниот раст на ценатата на акциите на Амазон, богаството на Безос во април порасна на 138 милијарди долари.
Безос во Амазон, најпознато име на трговија на Интернет има акции од 11, 2 отсто. Со екссопругата Мекензи се раздели лани спогодбено по 25 години брак. Двојката има четири деца. Разводот го чинеше 137 милијарди долари. Сега е во врска со Лорен Санчез, екс ТВ- водителка.
Завчера, пак, во Сплит се закотви мегајахтата на кошаркарот Меџик Џонсон.