Во поморска несреќа што се случи во Заливот Бока Которска, во близина на Луштице, две лица загина, а повеќемина се повредени.
Несреќата се случи откако се судрија моторна јахта и едрилица, изјави директорот на Управата за поморска безбедност Сафет Кочан, додавајќи оти на двата пловни објекти имало 14 луѓе.
Не е познато под чии знамиња пловеле јахтата и едрилицата, врз кои во пристаништето Зеленик ќе биде извршен увид.
Тоа е втора несреќа на море за една недела.
Минатата недела во Улцињ загинаа мајка и син, државјани на Словенија. Несреќата се случи кога „банана“ закачена за скутер, на која се наоѓаа четири лица удри во брод кој превезуваше туристи. Ќерката и таткото не беа повредени во несреќата.