Регион

Двајца загинати при пад на спортски авион

Двајца загинати при пад на спортски авион

Два лица загинаа вечерва кога мал спортски авион се урнал близу аеродромот „13 мај“ во Земун Поље во околината на Белград.

Според портпаролката на белградската служба на Брза помош Нада Мацура, при падот на „ултралесниот авион“ загинале маж и жена.

Мацура во изјава за Танјуг нагласи дека Брзата помош била известена за уривањето на леталото во 19:18 часот.

Причините за падот на авионот и повеќе детали за несреќата засега не се познати.