Двајца Хрвати се уапсени во Португалија поради шверц на 1.400 килограми кокаин вреден неколку десетици милиони долари. Тие се уапсени како дел од екипажот на едрилицата „SY Oggi” која пловела под знаме на Британските девствени острови од Кариби преку Атлантскиот океан кон Европа.
На бродот имало четири лица, а конечната дестинација за испорака на кокаинот била Велика Британија. Акцијата ја водела британската Национална агенција за криминал во соработка со португалската полиција, морнарица и авијација.
Покрај двајцата Хрвати кои и се познати на полицијата поради пропродажба на дрога, на бродот имало и еден Британец и еден Холанѓанец.