Регион 25. јуни 2018. / 16:28

Драма во Црна Гора: Потполковник пукал во просториите на Министерството за одбрана

Драма во Црна Гора: Потполковник пукал во просториите на Министерството за одбрана

Потполковникот на војската на Црна Гора Емин Хусовиќ, денеска, пукал во службените простории во Министерството за одбрана, а за среќа во инцидентот нема повредени.

-Денеска околу 11 часот, во службените простории на Министесрството за одбрана, потполковникот Е.Х. употреби огнено оружје и нема повредени, а не е причинета ниту материјална штета.- соопштија од црногорското министерство.

До инцидентот дошло поради кавга за работа.