Регион

Драма во Белград: Автобус пропадна во дупка, патниците се спасуваа

Драма во Белград: Автобус пропадна во дупка, патниците се спасуваа

При свртување на улица во Белград, автобус на линија 55 пропадна во дупка на асфалтот денеска во 15:30 часот, но за среќа никој не е повреден.

Автобусот се движел во правец од Ѕвездара кон Железник кога дошло до малата незгода.

-При свртувањето, задните гуми на автобусот пропаднаа во коловозот. Возачот запре, отвори врата и патниците во паника излегоа надвор. За среќа, никој не е повреден. После тоа, возилото е извлечено со помош на дигалка и превезено во гаража, за да се провери дали дошло до некакво оштетување – вели Драго Тошиќ од Конзорциум на приватни превозници.

Извршен е увид, а улиците се привремено затворени.