Утринава околу 4 часот во Загреб дошло до експлозија во која никој не е повреден.
Од полицијата јавиле дека засега непозната експлозивна направа е активирана и дека во таа прилика оштетени се неколку прозори на околните бизнис простории.
Како што е наведено, оштетено е и комбе со загребски регистерски таблички, во сопственост на приватна компанија.
Во тек е истрага.