Два хрватски борбени авиони МиГ-а денеска пресретнале израелски авион кој влегол во хрватскиот воздушен простор, пренесе Индекс.
МиГ-овите го пресретнале приватниот израелски бизнис џет кој влегол во Хрватска од правец на БиХ, со намера да лета кон Италија.
Како што се наведува, контролата за воздушен сообраќај пред тоа не можела да воспостави комуникација и да го потврди идентитетот на авионот.