Група на илегални мигранти се обиделе да ја поминат реката Дрина, на подрачјето Зворник, со цел од Србија да влезат во БиХ.
Нивниот обид бил спречен од службеници на граничната полиција на БиХ, како и од водостојот кој започнал да расте, па мигрантите останале заглавени на островот без можност да се вратат или да го продолжат патот, пренесе босански Кликс.
„Мојата парола ја забележа групата. Поради нашата реакција тие останаа на еден остров помеѓу БиХ и Србија и сега се на ничија земја, бидејќи не е дифинирана точната граница на реката Дрина. Дрина е граница, но точната граница никој не може да ја знае. Тие се наоѓаат на мал остров, бидејќи хидроелектраната ја пушти водата која надојде и илегалните мигранти моментално не можат да одат ни напрад, ни назад“, изјави командирот на единицата на граничната полиција на Зворник, Мирел Имамовиќ.
Тој додаде дека граничната полиција заедно со колегите од Србија ја разгледуваат ситуацијата за да ги вратат на територија на соседните земји.