Скоро 2 часа патниците на траектот кој сообраќа на Брач, во Хрватска не можеле да ги извадат своите автомобили откако поради технички проблем излезните рампи на бродот се заглавиле. По повеќе од половина час во место, траектот маневрирал и се наместил странично за да се симнат патниците. По ова повеќе од час и половина се чекал багер за да ги спушти рампите со примена на сила.
Од компанијата која го врши превозот потврдуваат дека станувало збор за технички проблеми со хидрауликата на бродот и додаваат дека сите патници и автомобили се безбедно вратени на копно.