Регион 01. април 2020. / 14:31

Довчерашниот партнер на Курти во Владата: На Косово не му се потребни нови избори

Довчерашниот партнер на Курти во Владата: На Косово не му се потребни нови избори

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа, по денешната средба со претседателот на државата, Хашим Тачи изјави дека неговата партија не  ја поддржува идејата за одржување нови избори.

Мустафа им изјави на новинарите дека претседателот на државата не побарал од него име на мандатар за новата влада, откако минатиот вторник во Собранието на Косово беше излгасана недоверба на владата на Албин Курти, на барање токму на ЛДК.

Тој рече дека со Тачи разговарал и за натамошните мерки за справување со коронавирусот.

– Разговаравме за опциите како да излеземе од оваа ситуација. Сега не е време да одиме на избори поради состојбата. Ние сме за нова влада која која ќе ги исполни сите уставни процедури, за влада која ќе се фокусира на економскиот развој откако ќе се избориме со оваа тешка ситуација и влада која е спремна за дијалогот Косово – Србија, изјави Мустафа.

Во рамки на иницијативата за формирање нова влада, Тачи ги повика на консултативни средби лидерите на парламентарните политички партии.