Регион 24. December 2018. / 11:11

Докторка од Итната помош раскажува за трагедијата: Го молев Бог автобусот да е празен

Докторка од Итната помош раскажува за трагедијата: Го молев Бог автобусот да е празен

Задачата на Брзата помош која се наоѓа на периферијата на градот е да стигне до местото на несреќата за најбрзо време, така и овој пат се случило кога во Брзата помош добиле повик дека имало страшна сообраќајна несреќа во Ниш.

За три минути пристигнала  екипата до местото на несреќата

Се молев на Бога автобусот да е празен бидејќи кога добивате таков повик можете само да погодувате што ве чека. За три минути пристигнавме, ужасна глетка, тројца мртви на лице место, повредени на сите страни, вака ја започнува својата приказна докторката Светлана Ѓоргевиќ.

Тргнавме и размислувавме на што ќе наидеме, но за жал авобусот беше полн со деца и луѓе. Беше страшно, ние го немаме тој луксуз да ни проработат емоциите, веднаш почнавме да ја работиме својата работа до моментот додека не ја завршиме. Додека ја завршував основната тријажа, пристигна следната екипа, најзагрозените пациенти ги ставивме во носилки, потполно беа подготвени и тргнаа до клиничкиот центар. Три лица на лице место загинаа, доктор Душан Гостовиќ превзема понатаму, а јас тргнав со повредените во болница. Пристигнаа повторно нови екипи, а кога се вративме беше се исчистено. Можам да кажам дека не само што сум горда на своите колеги туку и на соработниците кои работат во Брзата помош. Возачите, сестрите, диспеџерите, сите апсолутно одговорија во тој момент, зборува доктор Светлана.

За 23 години колку што работи во Брзата помош оваа докторка не памети ваква масовна несреќа.