Регион 25. мај 2018. / 20:30

Додик го покани Путин да ја посети Република Српска

Додик го покани Путин да ја посети Република Српска

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска во Санкт Петербург се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, јавува РТСР.

Пред состанокот што се одржа на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Додик го покани Путин да ја посети Република Српска.

Додик за РТСР изјави дека се создаваат одредени предуслови за таа посета да се случи со причина.

РТРС наведува дека Додик оценил оти Република Српска има „пријател во големата Руска Федерација и во името на нејзиниот претседател Путин, со кого во континуитет се состанува најмалку двапати годишно”.

Тој посочи дека неговото присуство на Форумот во Санкт Петербург, чиј покровител е Путин, има големо значење за Српска, бидејќи таму масовно се собираат бизнисмени, државници, политичари, банкари и гости од целиот свет