Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави денеска дека открил на неодамнешниот состанок на Претседателството дека претставниците на Министерството за безбедност изнеле податок дека амбасадорот на БиХ во Пакистан, кој е Бошњак, фалсификувал визи за повеќе од 3000 Пакистанци, кои влегле во земјата и кои сега се сериозен безбедносен проблем.
– Сега се гледа колку беше важно што Република Српска рече дека на нејзина територија не може да се задржуваат мигранти, ниту може да има мигрантски центри. И од каде 9000 луѓе од Пакистан тука и зошто Пакистан не сака да си ги земе назад? , изјави Додик за РТРС.
Тој наведе дека е за тоа тие веднаш да бидат депортирани, бидејќи во БиХ ќе создадат сериозен проблем.
На оваа тема не сакале да се изјаснат ниту амбасадорот на БиХ во Пакистан, Сакиб Фориќ, ниту Министерството за надворешни работи.
Претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ изјавила дека не ја чуди тоа што политичко Сараево молчи во врска со мигрантите и ги „турка под тепих“.