Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се најде под лупа на јавноста откако беа објавени фотографии во медиумите и на социјалните мрежи на кои се гледа како тој и неговата сопруга Марева возат велосипеди за време на забраната за движење воведена од владата што тој ја предводи.
– Утврдено е дека тие биле во шумата, што е оддалеченa околу час и половина возење од Атина со автомобил, а на фотографиите се гледаат повеќе луѓе, додека никој не носел маска ниту одржувал физичка оддалеченост, пренесе Политико.
Во моментов, Грците можат да ги напуштат своите куќи и станови само за да одат на работа, во најблиската продавница или на лекар, но во група на отворено не смее да има повеќе од три лица. За кршење на таа мерка се казнува со 300 евра, а полицијата објави дека прекршителите биле казнети со вкупно 780.000 евра минатиот викенд, но премиерот и неговата сопруга не биле меѓу нив.
Најстрогите мерки се во сила до 7 декември, но владиниот портпарол Стелиос Пекас рече дека тие ќе бидат продолжени, бидејќи епидемиолошката состојба не е значително подобрена. Тој го бранеше премиерот со зборовите „дека е обвинет затоа што е хуман човек кој никогаш не го одбива барањето на некој да се фотографира со него“.
Όσοι πήραν πρόστιμο για παράνομη μετακίνηση, πώς να νιώθουν τώρα; #Μητσοτακης #Μαρέβα #Πάρνηθα pic.twitter.com/HsdoAm76Y8
— sitarcos (@sitarcos) December 1, 2020