Регион

Добра вест и за соседите: ЕК препорача Албанија да ги почне преговорите за членство со ЕУ

Добра вест и за соседите: ЕК препорача Албанија да ги почне преговорите за членство со ЕУ

Европска комисија денеска препорача отпочнување на преговори со Албанија, потенцирајќи дека земјата остварува „стабилен напредок“ во примената на петте клучни приоритети.

– Реформите во јавната администрација се консолидирани, со цел јакнење на професионализмот и деполитизацијата – се посочува во Извештајот на ЕК.

ЕК истакнува дека се спроведени дополнителни мерки за зајакнување на незавсисноста, ефикасноста и одговорноста на судските институции, посебно преку напредокот во спроведување на сеопфатните правосудни реформи, вклучително „првите конкретни резултати во проверката на сите судии и обвинители“.

– Албанија презеде и одлични напори во борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и дополнителни мерки за зајакнување на ефикасната заштита на човековите права на припадниците на малцинствата, вклучително и на Ромите – се посочува во Извештајот.

Препорачувајќи отпочнување на претпристапните преговоти со Албанија, ЕК потенцира дека земјата мора да ги продолжи започнатите рефиорми во клучната област – владеење на правото и да станат видливи резултатите од проверката на судии и обвинители.