Регион 12. ноември 2020. / 00:12

Директорката на загребската инфективна: Ништо од имунитетот, а и ефектот на вакцината е сомнителен

Директорката на загребската инфективна: Ништо од имунитетот, а и ефектот на вакцината е сомнителен

Против сезонски грип, а очигледно и против короната, не можете да создадете колективен имунитет, вели проф. д-р Алемка Маркотиќ од Загреб.

Маркотиќ, којa е директорка на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб, рече дека станува збор за колективен имунитет кога патоген микроорганизам во едно подрачје успева да зарази од 80 до 90 проценти од населението.

-Тогаш тоа подрачје е заштитено. Но, постојат голем број на болести кои не се однесуваат така. Не можете да создадете колективен имунитет против грип, и очигледно не против корона. Кај луѓето кои минатата пролет имале инфекција со корона, не се откриваат антитела, но мислам дека се позаштитени од другите, изјави Маркотиќ за ХРТ.

Таа вели дека секоја вест за можна вакцина е охрабрувачка, но дека мора да се внимава со тоа и да се види колку долго таквата вакцина ќе ги штити луѓето.

-Охрабрувачки е тоа што несаканите ефекти се минимални, но големо прашање е дали, како и со грипот, ќе мора повторно да се вакцинираат, односно повторно да се вакцинираат секоја или на неколку години, рече Маркотиќ додавајќи дека тоа е следната фаза која мора да се истражи.