Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово денеска соопшти дека досега се акредитирани над 19.000 набљудувачи за предвремените парламентарни избори закажани за в недела, 14 февруари.
Овие набљудувачи доаѓаат од политички субјекти, медиуми, амбасади, невладини организации и други организации.
Директорот на Канцеларијата за сертификација и регистрација на политички субјекти Или Буљешкај рече дека во моментов се разгледуваат барања за акредитација на уште некои набљудувачи.
На состанокот беше објавено дека досега по пошта до ЦИК пристигнале 3.000 гласа. Последен рок за прием на гласови по пошта е 12 февруари, до полноќ.