Србија денеска ќе одбележи 19-години од загинувањето на вработените во Радио-Телевизија Србија при бомбардирањето во 1999 година. Утрото на 23 април 1999 година НАТО ја погоди зградата на РТС со два проектила, при што загинаа 16 вработени.
Меѓународната организација за човекови порава „Хјуман рајтс воч“ во 2000 година соопшти дека немало никакво оправдание за бомбардирање на зградата на РТС, додека лидерите на НАТО тврдеа дека нападот бил оправдан.
Во 2002 година поранешниот директор на РТС, беше осуден на 10 години затвор, бидејќи не ја спровел наредбата на тогашната сојузна влада за дислоцирање на луѓето и техниката.