Според едно истражување, дури девет проценти од жените во Босна и Херцеговина на возраст над 16 години немаат образование.
Овој број е четири пати поголем отколку кај мажите, според податоците од публикацијата финансирана од ЕУ „Кон Европската Унија – клучни прашања за социјална вклученост во БиХ“.
Споменатата разлика помеѓу мажите и жените во БиХ е изразена и во постара возраст.
Домаќинство во БиХ на чие чело се наоѓа жена е со поголем ризик од сиромаштија, а најранлива група се самохраните мајки или жени кои се хранители на домаќинствата.