Регион 10. април 2019. / 13:22

Дете скокна од седми спрат бидејќи мајка му не му дозволила да игра видео игри

Дете скокна од седми спрат бидејќи мајка му не му дозволила да игра видео игри

Момче од 12 години синоќа настрадало во еден часот по полноќ, кога паднало од седмиот спрат на зградата во која живеел, на Нов Белград.

Детето паднало пред влезот на зградата, каде го пронашле соседите, после што е пренесено во болница, каде починало во 5 часот изутринава.

Според неофицијалните податоци, има сомнеж дека детето се самоубило, бидејќи тоа на работната маса оставило писмо, каде навело дека се решило на самоубиство, бидејќи мајка му не му дозволила да игра видео игри.

Телото е однесено на обдукција.