Регион 04. август 2019. / 11:52

Детали за монструозниот масакар во Загреб: Пред случката се шетал со синот на неговата девојка, па подоцна го убил

Детали за монструозниот масакар во Загреб: Пред случката се шетал со синот на неговата девојка, па подоцна го убил

„Татко ми го праша Игор како е детето, а тој му одговори добро, дека расте. После завршувањето на разговорот, татко ми влезе внатре, а минута-две подоцна, почнала пукотницата“, рекол еден од очевидците во врска со ужасниот настан кој се случи во Загреб.

Во незапаметен масакр кој се случил во четвртокот вечерта во Загреб, убиени се 6 лица, меѓу кои и 10-годишниот Пауло.

Крвопролевањето го извршил 36-годишниот Игор Наѓ, кој после масакрот избегал, а при обидот на полицијата да го уапси, се самоубил.

Излегов вечерта да фрлам ѓубре. Го видов убиецот Игор со момчето. Малиот Пауло одеше пред него. Момчето потоа истрча до куќата и почна да ѕирка низ секој прозор. Тоа ми беше чудно. Светлата беа вклучени. Не ја викаше својата мајка, ни бабата, никој – раскажал соседот за 24сата.хр .

Тој додал дека Игор го препознал и стоел кај грмушките. Се јави да ме праша како сум. Одговорив дека сум добро и го прашав него како е. Рече дека е добро. Тоа се случи во околу 22:25 часот. Го прашав како е бебето, тој рече дека е добро, дека само јаде и расте.

Јас му реков дека нема ништо подобро за родителите, дека тоа е најголема радост. Се поздравив со него и му реков добра ноќ. Одговори со поздрав, а јас влегов во станот. Подоцна ми проработе филмот. Не зборуваше во движиење, не отиде понатаму, само стоеше – рекол Мехмед за 24сата.хр .

Соседот се сеќава дека влегол во станот и за неколку минути се слушнало пукање.

После првите куршуми владееше кратка тишина. Звучеше како лим што одѕвонува. Син ми дојде од терен и лежеше во кревет. Ме праша што се случува, како да е воена состојба. Дојде соседот Штеф и почна да ми тропа на врата. Велеше да излезам. Ми рече дека е убиено цело семејство Тојагиќ. Не можев да верувам. Излегов во ходник и го видов ужасот. Катастрофа – рекол потресениот сосед.

Да потсетиме, Игор Наѓ, го уби целото семејство Тојагиќ, односно семејството на неговата девојка Маја со која имал и бебе, а го поштедил само бебето.