Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени десет нови случаи на носители на корона вирусот, со што официјалната бројка на лица кои резултираат заразени од Ковид-19 во Косово се искачи на 790.
Петмина од новозаразените се од општина Каменица, тројца од Витина и по еден од Штимле и Ораховац.
Не е евидентирана ниту една жртва на Ковид-19, така што вкупната бројка на починати од заразата останува 22.
Според соопштението на ИШПК, во вторникот во неговата Лабораторија за молекуларна микробилогија се тестирани примероците на 250 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на новиот коронавирус. Вкупната бројка на тестирани од појавата на епидемијата, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 6.955.
Според официјални информации, забележани се и 31 нов случај на лица кои, по тестирањата два дена едноподруго, согласно методите на Светската здравствена организација, резултираа излекувани од Ковид-19, со што бројката на тие кои ја пребродиле болеста се зголеми на 232.