Регион 06. јуни 2020. / 19:51

Денеска во Хрватска нема ниту еден заболен со Ковид-19

Денеска во Хрватска нема ниту еден заболен со Ковид-19

Загреб – Во последните 24 часа нема нови случаи на коронавирус во Хрватска, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. На Клиниката за заразни болести „Фран Михалевиќ“ починала една жена која била на респиратор. Тестирани се вкупно 68.514 лица, од кои 247 во последните 24 часа

Според последните податоци, во светот досега има 6.889.223 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 399.117,  а оздравеле 3. 276.057 лица.