По повод смртта на Ѓорѓе Балашевиќ, на основа на одлуката на градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, денешниот ден, 21 февруари е прогласен за Ден на жалост на територијата на Градот.
„Ги исклучивме светлата во Градското собрание со цел да изразиме болка и тага со семејството. Ова е тежок момент за семејството Балашевиќ, но и за целиот град, државата и за регионот”, напиша Вучевиќ на Твитер.
Ѓорѓе Балашевиќ почина на 67-годишна возраст во петокот, на 19 февруари, во Клиничкиот центар на Војводина.