Регион 02. јануари 2021. / 11:22

(ВИДЕО) Ден на жалост: Цела ноќ се палеа свеќи за трагично загинатите млади луѓе од Босна

(ВИДЕО) Ден на жалост: Цела ноќ се палеа свеќи за трагично загинатите млади луѓе од Босна

Стотици жители на Посужје се собраа синоќа и утрово во центарот на овој град на западот од Херцеговина да им оддадат почит на осумтемина млади луѓе кои загинаа во трагедијата што се случи на новогодишната ноќ.

На Плоштадот на хрватски ветерани, многу луѓе запалија свеќи, се помолија заедно и положија цвеќе. Според локалните медиуми, голем број од нив плачеле, изговарајќи ги имињата на четири девојчиња и четири млади момчиња кои се задушиле во викенд куќа во близина на градот Трибистово.

Во градот Трибистово во близина на Посужје, осум млади луѓе се задушија со плин за новогодишната ноќ. Ги пронашле пријатели од соседната куќа. Се наведува дека тие биле отруени од гас од генераторот што работел во куќата каде што биле затворени сите прозорци.

Ден на жалост

Денеска е Ден на жалост во Босна и Херцеговина, а Западнохерцеговинскиот кантон прогласи тридневна жалост. Иако вчера се појави информација дека тие починале на возраст меѓу 18 и 20 години, утврдено е дека сите се родени во 2001 година и имаат 19 години.