Регион 03. април 2018. / 13:21

Демографска бомба: Повеќе луѓе умираат отколку што се раѓаат

Демографска бомба: Повеќе луѓе умираат отколку што се раѓаат

Бугарската академија на науките односно институтот за население и човечки студии, објави извештај според кој до 2040 година, процентот на млади луѓе на возраст под 20 години тешко ќе се одржува, додека постарите возрасни лица над 65 години значително ќе се зголемат.

Во речиси половина од земјите на ЕУ, се очекува пад на населението.

Ова ќе се случи во најмалку уште 11 земји – Литванија, Латвија, Романија, Грција, Хрватска, Португалија, Полска, Унгарија, Естонија, Италија и Словачка.

Но вистинска демографска бомба претставува заклучок од анализата дека населението на Балканот до 2041 година ќе се намали за најмалку 23%.