Говорејќи во Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер, по повод гласањето за извештаите за напредокот на земјите од Западен Балкан, тој денеска рече дека европската куќа нема да биде целосна до влезот на земјите од Западен Балкан во Унијата.
„Земјите од Западен Балкан се наши блиски партнери – географски, историски и економски. Сите шест имаат јасна европска перспектива – нашата европска куќа нема да биде целосна без нив“, рече Мекалистер.