Српскиот рокер Ѓорге Давид ја победи Короната и излезе од болница. За да ја подигне свеста кај луѓето, да се чуваат и внимаваат на своето здравје тој се вклучил во утринска програма на телевизијата „Хепи“ и раскажал како го преживеал времето во болница.
Се уште не можам да верувам дека излегов од болница, го сложувам филмот во глава што се ми се случи. Какво кашлање, па јас никогаш во животот не сум кашлал така ниту сум слушнал друг. Ечеше ходникот на Инфективно. Имаш чувство дека нечии бели дробови трчаат низ ходникот. Ова не го посакувам веќе ниту на себе ниту на најцрниот непријател. Многу е похумано господски да се умре отколку да се живее во таа агонија. Секоја коска на телото ме боли, секој сантиметар на кожата ме пече. Мислев дека тоа мене не може да ми се случи, силен сум, имун. Ама кој си игра со ѓаволот, ѓаволот доаѓа по него. Луѓето мора да бидат сериозни, ова е најскапото школо во мојот живот, рекол меѓу другото Давид.