Вакцинацијата во Србија започна, а ендокринологот д-р Едита Стокиќ вели дека има многу граѓани заболени од дијабетес кои се распрашуваат дали треба и дали смеат да ја примат вакцината против коронавирус.
–Дефинитивно јасно е познато и тоа медицински базирано на докази дека тип 1 и 2 дијабетес имаат три пати поголем ризик од заболување со коронавирус со тешка клиничка слика, но од друга страна покажано е дека добрата гликорегулација е значаен фактор кој може да влијае врз намалувањето на заболување и смртност. Американската дијабетолошка асоцијација која ни е водилка во стручен аспект на лекување на дијабетесот, јасно истакна дека вакцинацијата е една од најбезбедните операции за излегување од оваа епидемија и во популацијата на дијабетичари. Значи, вакцинацијата е ефикасно тераписко средство, безбедно, во спречување на заболувањата и ширење на ковид 19 инфекцијата, рекла докторката.
Таа истакнала дека и кај оваа популација нема да има сериозни несакани ефекти од вакцината, но издала и упатства што да се прави после имунизацијата.
-Кај дијабетичарите важно е во текот на денот да ги следат и своите вредности на шеќер во крвта, да земаат доволна количина течности, посебно ако доминира симптомот слабост и малаксаност, рекла д-р Едита.