Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека затворот во Шевенинген се подготвува да ги прифати првите обвинети од ОВК од страна на Специјалниот суд, за злосторства извршени над Србите во Косово.
Тој за ,,Вечерње новости” вели дека ,,се празни цел еден кат од затворот” за да биде подготвен за оние на коишто ќе им се суди.
,,Верувам дека оваа информација е најава за конечната правда за сите српски и други жртви на терористичката ОВК, чиишто некогашни перјаници сега се угледни носители на највисоки функции во Косово и Метохија”, рече Дачиќ.