Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, изјави дека денеска се очекува да се финализираат преговорите меѓу Белград и Приштина во Белата куќа и дека на потпишувањето на „економскиот документ“ ќе присуствува и самиот врв на американска администрација, што ќе биде гарант за потпишаното.
Се шпекулираше дека тоа ќе биде потпретседателот Мајк Пенс или претседателот Доналд Трамп … Доколку средбата биде успешна, на потпишувањето сигурно ќе присуствува и Трамп, рече Дачиќ утринава за ТВ Прва.
Тој смета дека присуството на Трамп ќе биде голема предност затоа што на тој начин американскиот претседател ќе стане гарант за потпишаното.
Затоа ќе биде многу важно дали тој ќе биде присутен или не, дали ќе биде дел од таа приказна или не, рече Дачиќ.
Тој посочи дека српската страна сака договор и компромис, но дека не прифаќа ултиматум